На 6 септември 2026 година, во 05:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ бил пронајден починат осуденик.

Станува збор за 60-годишниот Д.М. од неготинско, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Exit mobile version