Почина Мори Канте - авторот на еден од најголемите хитови, песната која ја знае целиот свет

Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте почина денеска, на 70-годишна возраст.

Канте допринесе во зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот, а неговиот хит „Yeke yeke" беше издаден во 1987 година и за кратко време беше продаден во неколку милиони примероци и достигна на врвот на музичките топ-листи во многу земји.

-Канте боледуваше од неколку хронични болести и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно поради коронавирусот - рекол неговиот син и додал дека неговата здравствена состојба се влошила во последните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега