Почина легендарниот југословенски пингпонгар

 

Легендата на југословенскиот и хрватски спорт, пингпонгарот  Драгутин Шурбек почина на 72-годишна возраст.

Шурбек кој три децении беше на врвот во овој спорт, почина ненадејно во својата татковина. 

Имаше титули светски и европски шампион во поединечна и игра во двојки.

Беше носител на 36 медали од светски и европски првенства, имаше 518 настапи за репрезентацијата, од кои 503 за Југославија и 15 за Хрватска.

 

 

 

15.07.2018 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега