Почина бебенце на скопските Клиники - Таткото бесен се огласи на Фејсбук

Трагедија во Скопје, пред два дена починало бебенце на скопските Клиники, а се работи за предвреме родено бебенце во 29-та гестациска недела, кое по една недела престој на скопската Гинеколошко-акушерска клиника  било однесено на Клиниката за Детски болести, пишува Република. 

Таткото на бебето ја обелодени тажната вест на Фесјбук и упати критика до ГАК.

- Професор Аспазија Софијанова од цело срце ти благорам, благодарам и на целиот тим на педијатрија, бескрајно ви благодарам за се што сторивте за нас! Гинеколошко акушерска клиника, интензивна нега (неонатологија), ако немате плати одете си, ако немате услови затворете! Гнаси едни гнасосани знаете дека ширите клабсиела (најгадната болничка бактерија) преку не стерилни инструменти и катетри и ќутите!? Па у штала со кози да се породеше жена ми детето немаше ова да го добие! Цевки и апарати од сите страни има малата бре копилиња, криевте за гзоите да ги извадите, демек толку било пишано, а!?, пишува таткото Рале Мизрахи на Фејсбук.

Прашува каде се новинарите од клиника да кажат што се случува.

- Немој некој паметен да ми каже само ама у времето на вмро ќе му скинам глава. Па вмро не се на власт 2 или 3 години! ич к не ме заболе што ви оставиле, вие сте власт затоа сте таму, средете го ова!, вели Мизрахи.

Од ГАК велат дека не коменираат постови објавени на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега