Почина 22- годишната ќерка на познатиот музичар- позната причината за смртта

Ќерката на еден од основачите на хеви метал бендот Слипнот, Шон Креан , почина од предозирање , јавуваат американските медиуми.

Полицијата и пожарникарите одговориле на повик за можно предозирање во куќа во Холивуд , каде го нашле телото на Габриела. Се обиделе да ја реанимираат ,но безуспешно.

Полицијата пронашла прибор за конзумирање дрога и други докази што укажуваат на предозирање , иако обдукцијата не е завршена.

Таткото објави дека погребот ќе биде извршен во недела во Ајова и им се заблагодари на пријателите и на фановите на поддршката. Габриел , која имаше 22 години , во последната објава на Инстаграм се пофали дека пет месеци не користи дрога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега