Четиринаесетгодишно момче ја загуби битката за живот по тешките повреди на главата кои ги здобило при пад од електричен тротинет во близина на Метковиќ.

Според информациите од хрватските медиуми, несреќата се случила во вторникот додека група деца си играле во близина на канал за наводнување.

Едно од децата дошло со електричен тротинет, по што малолетниците почнале да се менуваат во возењето.

Кога дошол редот на 14-годишниот Карло Жувелек, тој го покренал тротинетот, но по куса дистанца ја изгубил контролата и излетал на коловозот.

При падот, момчето со главата удрило директно во асфалтот, здобивајќи се со критични повреди.

Тој итно бил пренесен во Универзитетската клиничка болница Мостар, каде медицинскиот персонал со денови се борел да го спаси, но повредите биле премногу сериозни, пренесува „Дубровчки дневник“.

За тешкиот инцидент со официјално соопштение излезе и локалната полиција, која упати детали за околностите на падот.

„Четиринаесетгодишен малолетник, додека возел електричен тротинет, под непознати околности ја изгубил контролата врз возилото и паднал на патот. Бидејќи не носел кацига додека возел , како последица на падот се здобил со сериозни, животозагрозувачки повреди на главата“, објави Полициската управа Дубровник-Неретва.

И покрај итната медицинска интервенција и интензивниот третман, пациентот починал од повредите синоќа.

Exit mobile version