Побрзајте на бензинска: Полнете резервоари пред полноќ

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука и ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се променија и се продаваат за 68,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95 , додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за половина денар и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,229 ден/кг и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186  ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега