Победи за Алкалоид и Гамбит Асеко на стартот на шаховскиот ЕКК

Тимот на Алкалоид го победи МуКонсалт Апелдорнсо максимални 6:0 во првото коло од Европскиот клупски куп што се одржува во Порто Карас, Грција.

Убедлив триумф од 5:1 забележа и вториот македонски претставник во шаховската Лига на шампиони, тимот на Гамбит Асеоко кој играше со Уајт Кнајтс Чесс Клуб.

„Фармацевтите“ со максималниот триумф над холандската екипа потврдија дека и оваа година ќе се борат за највисок пласман. Алкалоид пред две години стана европски шампион, а минатата сезона беше вивепрвак.

Алкалоид настапи во следниот состав: Ју Јангји, Дмитри Андреикин, Дмитри Јаковенко, Павел Елјанов, Трајко Недев и Филип Панчевски.

– Имавме искусен и силен противник, кој беше мотивиран да ја постигне и првата победа против реномираниот „Алкалоид“. Но сепак, имавме сериозен пристап, и покрај тоа што бевме фаворити, не смеевме да се опуштиме, туку напротив овој дуел го добивме на високо ниво, изјави Недев.

Во второто коло Алкалоид игра со израелски Реховот Чесс Скул, додека Гамбит Асеко се среќава со грчкиот претставник Тесалоникуис.

 

 

 

13.10.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега