Победата на Бајден потврдена во Аризона и Висконсин но тимот адвокати на Трамп не се откажуваат

Клучните сојузни држави Аризона и Висконсин официјално ја потврдија победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, со што дополнително се засили победата на демократите над Доналд Трамп, кој сè уште не прифатил пораз, објавија медиумите во вторникот.

„Денес потпишавме документ со кој се потврдуваат резултатите од изборите во 2020 година во Аризона“, напиша во понеделникот на Твитер Даг Дуси, републикански гувернер на државата, која гласаше за демократите за првпат по скоро 25 години.

 

Лицето задолжено за изборните операции, државниот секретар на Аризона, демократката Кети Хобс ги поздрави изборите „спроведени транспарентно, точно и праведно и покрај бројните неиздржани тврдења за спротивното“.

Непосредно по понеделникот, по американско време, гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, објави дека ги потврдил изборните резултати во неговата сојузна држава, која гласаше за Бајден, а во 2016 година го избра Трамп.

Изборниот тим на Доналд Трамп се обиде – досега неуспешно – да ги оспори потврдените изборни резултати во клучните земји каде победи Бајден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега