Побарана казна заради непочитување на самоизолација во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице од Пробиштип со престојувалиште во Скопје, кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат оттаму.

По престој во Австрија, како земја со среден ризик за ширење на коронавирусот COVID-19, обвинетиот на 20 март се вратил во земјава. На граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во станот во кој престојувал во Скопје. Веќе следниот ден, на 21 март, полициски службеници при извршената проверка не го затекнале во домот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвреднос

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега