По Влада и страницата на Собрание со новото име

По соопштение на Владата дека од денес стапува на сила  Договорот од Преспа и името Република Северна Македонија, страницата на Влада, но и на Собрание е ажурирана со ново име.

„Собрание на Република Северна Македонија, Кабинет на претседателот на Собрание на Република Северна Македонија“ стои на официјалната страна на македонското Собрание.

 

Владата извести дека од вечерва влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави  во Службен весник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега