По три години го пронајде своето милениче: Човек од Белград не можеше да ги запре солзите

 
Кога пред три години исчезнало кучето Ема, нејзините сопственици биле скршени. Ја барале насекаде, но никаде ја немало, се до вчера, кога повторно се сретнаа.
 
Никој не знае што се случувало со неа откако ја снемало, но едно од здруженијата за заштита на животните ја прибрало од улица, по дојава од граѓанин дека има куче кое изгледа како да е домашно.
 
Сопствениците биле идентификувани со помош на вградениот чип, а после три години, Ема е повторно дома.
 
Ова куче е едно од многуте на кои им се губи трага, но ја имало среќата да налета на совесни луѓе кои веднаш се ангажирале за пронаоѓање на нејзините сопственици. Таа сега има мал здравствен проблем, но тие веруваат дека ќе се изборат со тоа, посебно сега кога е повторно со луѓето кои ја обожаваат.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега