По сообраќајна несреќа во Арачиново две лица добиле ќотек од жителите

Две лица биле нападнати вчера во Арачиново откако претходно направиле сообраќајна несреќа во селото.

-Вчера во 16.40 часот на влез во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р. од с.Арачиново и патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30). Според пријавеното, откако се договориле за пополнување на европски извештај, од угостителски објект, пред којшто се случила незгодата, излегле повеќе лица и физички ги нападнале Ф.В. и И.Т.(24), кој бил со него, велат од полицијата.

 

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега