По сообраќајка во Скопје, полицајци нападнати од едниот учесник и негови роднини

Полициски службеници нападнати во Скопје откако го обезбедувале местото каде што се случила сообраќајна несреќа.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера околу 22 часот на крстосница од улицата „Методија Андонов Ченто“ и на помошна улица. Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“ управувано од А.Р. (43) од Скопје и моторцикл „јамаха“ со битолски регистрации, управуван од Д.Г. (20) од Инџиково.

-По незгодата, Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т.(19) од истото село биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Д.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Г. телесни повреди. На 25.09.2020 околу 00.30 часот, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата, и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа