По сообраќајка, дошло и до тепачка - уапсени две лица во Охрид

Денеска во 14.30 часот, по случена сообраќајна незгода на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов„ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу В.Л.(45), К.Д.(21), Ф.Д.(37), С.Д.(56) и Д.Б.(22), сите од Охрид, информира МВР. По незгодата, Ф.Д. започнал вербална расправија со К.Д. во која подоцна се вклучиле и останатите учесници. Двајцата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа