По смртта на доктор од Америка во неговата во гаража пронајдени 2.400 фетуси - страшната приказна конечно добила епилог

На гробиштата во американска Индијана погребани се остатоците на повеќе од 2.000 фетуси кои минатата година биле пронајдени во гаражата на еден доктор во предградието на Чикаго.

На погребот присуствувале околу 200 луѓе, а говор држел еден тамошен државен обвинител. 

Во гаражата и возилото на докторот Улрих Клопфер биле најдени дури 2.411 фетуси. На страшното откритие наишле членовите на семејството по неговата смрт во септември 2019-та година.

Се претпоставува дека се работи за абортуси кои Клопфер ги вршел во период меѓу 2000-та и 2003-та година, но инспекторите не сакат да откријат како дошле до тие информации, но откриле дека Клопфер абортусите не ги вршел во својата куќа.

Како што пишува CNN, фетусите биле најдени во мали запечатени пластични кеси со формалин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега