По скандалот во ЈСП лицата со попреченост инсистираат на состанок со Арсовска

Коалицијата Менуваме закажа средба со директорот на ЈСП Скопје, но исто така бараат и средба со градоначалничката Данела Арсовска.

– Коалицијата Менуваме повторно ја повикуваме Градоначалничката на Градот Скопје веднаш да закаже состанок кој е во интерес на лицата со попреченост – се вели во соопштението.

Коалицијата Менуваме по направената евалуација го донесе следниот сублимат;

„Излегуваш од дома и заминуваш на работа, на училиште или едноставно до најблискиот пазар. Единствено, метежот во сообраќајот во Скопје може да те вознемири. Овие релации секојдневно ги минуваме и ги земаме здраво за готово. Во истиот град, во македонската метропола или што би рекла Градоначалничката ЕВРОПСКИ МОДЕРЕН ГРАД, ако имаш оштетен вид, телесен инвалидитет, оштетен слух или друга попреченост имаш минимална достапна подвижност“.

Оттаму прашуваат како лице со попреченост, покрај метежот, движењето низ Скопје има ред други предизвици кои вознемируваат.

– Ако здравоспособните избираат дали да користат велосипед, возило или автобус, лицата со попреченост немаат таков избор. Тие се прилагодени на визуелна матрица од евалуацијата – се вели во соопштението.

18.12.2021 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега