Дваесет и двегодишниот Борис Стефановски е најсреќниот кумановец на денешниот голем празник Богојавление – Водици. По седум години упорност, Борис денеска успеа прв да стигне до крстот во Соборниот храм „Свети Никола“.
„Оваа година очекувам да дипломирам на Факултетот за физичко образование, да се вработам и да работам со дечиња. Овој ден за мене е посебен, посакувам здравје за сите“, изјави младиот Стефановски.
За својот подвиг, Борис доби пригодни подароци од Општина Куманово, локалната бизнис заедница и црквата.

