По примерот на целиот свет: Супер херои во новогодишна посета на децата од клиниката за детски болести

Вчера тимот од Црвен крст на град Скопје, преправени во Суперхероите претпразнично ги посетија хоспитализираните деца на Клиниката за детски болести на сите оддели. Членовите на тимот беа маскирани во костими од омилените херои од цртаните филмови, тие измамија бесценети насмевки кај децата.

Тимот ја изведе вежбата спуштање по јаже. Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен.

„По втор пат се организира вежба со супер хероите, лани исто ова време и сега, целта е да им се олесни и разубави престојот на децата во клиника.“ – вели Кристина Георгиевска од организацијата Црвен крст – Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега