По повеќе кражби конечно го фатија: Уапсен 23-годишник откако крадел од куќи и автомобили


Денеска (27.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети.

Во разговорот во полициска станица Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.01.2023 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа