По пцовките кон Алиоски се огласи и самиот Арнаутовиќ: „Не сум расист“

На вчерашниот натпревар Марко Арнаутовиќ по постигнатиот гол наместо да се радува тој го пцуеше Алиоски по што следеа жестоки реакции.

Дел од медиумите пишуваа дека станува збор за стари и нерасчитени сметки, но имаше и таквии кои пишуваат дека станува збор за расистички навреди.

Сепак овие вести ги демантираше Арнаутовиќ, кој одби секаква поврзаност со политика и расизам.

-Навистина ме погоди тоа што се пишуваше за мене. Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Провокациите со противниците е дел од фудбалската игра. По мечот застанавме еден до друг, разговаравме и ја расчистивме работата, рече австрискиот напаѓач.

 

14.06.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега