Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Според информациите на МИА, на огласот аплицирале Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.

Огласот беше распишан по оставката на Марко Бислимоски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата до изборот на негов наследник.

Согласно Законот за енергетика, по разгледувањето на пријавите, Комисијата ќе му предложи на Собранието кандидат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Изборот на новиот претседател на РКЕ се очекува да се одржи на пленарната седница закажана за в среда.

Exit mobile version