По нив жените лудуваат, а родени се во овие хороскопски знаци

Ако барате внимателно и духовито момче, кое згора на тоа и добро изгледа, големи се шансите да го пронајдете во еден од овие три хороскопски знаци.

Астролозите истакнуваат дека во нив се раѓаат фраери кои го имаат "она нешто", што ги прави неодоливи за жените, пишува "Index". 

Вага

 

Во овој знак се раѓаат најголемите кавалери во хороскопот кои ги освојуваат жените со својот неодолив шарм. Вагите сакаат да даваат комплименти и многу се внимателни кон своите партнерки, па жените кои успеваат да ги освојат се вистински среќнички. Сепак, мажите родени во овој знак сакаат да кокетираат, што може да ги излуди нивните партнерки. Обично не се впуштаат во нешто повеќе од флерт и се верни во врска. Некои од најпознатите машки ваги се Мет Дејмон, Бруно Марс и Хју Џекмен.

Скорпија

 

Скорпиите се на глас како најдобри љубовници на хороскопот, но тоа не е единствената тајна во нивната привлечност. Мажите во овој знак се многу таинствени и тешко е да се прочитаат, што обично ги прави интересни за жените. Во врска се верни, искрени и посветени на својата партнерка. Меѓу славните претставници на овој знак се Рајан Рејнолдс, Метју Меконахи и Леонардо ди Каприо.

Бик

 

Романтични, внимателни и чувствителни, мажите родени во знакот бик се совршен материјал за врска и брак. Тие сакаат да ги разгалат своите партнерки и да ги опсипуваат со комплименти и подароци, а на ист начин и ги освојуваат жените. На нивниот шарм е тешко да се оддолее, но не се впуштајте во флерт со нив ако не сакате сериозна врска, бидејќи не сакаат површни авантури. Некои до познатите фраери родени во овој знак се Дејвид Бекам и Џорџ Клуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега