По навредите „ороспијо и гомнарке" - Катица мирно го слуша Рустеми

Поранешниот специјален јавен обвинител, Бурим Рустеми кој беше дел од тимот на Катица Јанева денес сведочеше во „Рекет". 

Катица Јанева не изусти ниту збор, ниту пак имаше прашања за нејзиниот поранешен колега, Бурим Рустеми, за разлика од вчера кога почна да плаче и да и вика на поранешната колешка Лиле Стефанова, "ороспија и гомнарка".

Јавниот обвинител Бурим Рустеми на денешното сведочење за случајот „Рекет” посочи дека поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева побарала од него како надлежен обвинител во случајот „Поштенска Банка” да не го „замрзне“ станот на осомничениот Томе Главчев.

– Така и сторив. Пред суд доставив предлог овој стан не се замрзне. Потоа разбрав дека станот е во сопственост на поранешниот член на Советот на јавни обвинители, Сашо Василевски. Инаку, пред истрагата и истрагата за случајот „Поштенска Банка”, ја реализирав сам, без никакви влијанија од Катица Јанева, во однос на тоа кој треба да се опфати, за кои кривични дела и како да се конципира предметот, изјави обвинителот Рустеми.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинителки од СЈО, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега