Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го обезбедат полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на границата со Полска.
Покрај авионите, копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во висока готовност, соопшти полската армија на платформата Икс.
Од армијата посочуваат дека преземените мерки се превентивни и имаат за цел целосно да го заштитат воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на ризичните региони.

