По извршен претрес уапсени пет лица во Скопје- меѓу приведените и државјанин на Косово

Во текот на вчерашниот ден полицијата на неколку различни локации во Скопје уапси пет лица поради нелегално поседување на марихуана.

Вчера  во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода И.П.(28) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Неколку часа подоцна во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Варшавска“, го лишиле од слобода О.Д.(27) од Косово затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Потоа во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Сливовска“ ги лишиле од слобода М.Ј.(25), П.К.(22) и В.Н.(36), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.                                  

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега