По извршен претрес кај двајца тетовци пронајдена дрога

Полицијата извршила претрес на двајца тетовци и пронашла дрога, информира МВР.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишниот И.Х. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.02.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле хероин, раствор на метадон и амантадин хидрохлорид-супстанца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 29-годишнио Ф.Љ. од Тетово и 20-годишниот Е.С. од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.06.2019 на ул. „Илинденска” во Тетово полициски службеници извршиле преглед на Е.С., при што пронашле марихуана, за која било утврдено дека на 06.06.2019 ја набавил од Ф.Љ..

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега