По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“

По информацијата објавена на порталот Курир дека по втор пат годинава се појавила шуга во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, се огласи и директорката на училиштето, Елка Даскалова.

„Почитувани родители, Ве известувам дека во 10:30 часот ќе жжжжво нашето училиште ќе се изврши вонредна дезинфекција, заради појава на изолиран случај на SCABIES (шуга).

Станува збор за ученик од второ одделение кај кој пред 8 месеци беше констатѕирана оваа болест.

Денес, повторно се случи истото и заради превентива ќе се постапи според утврдениот протокол на Центарот за јавно здравје“, пишува во соопштението.

Известувањето е објавено на интернет страницата на основното училиште.

 

 

 

16.11.2018 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега