По инцидентот во Штип за Водици следи уште едно видео: Наместо крст, фати босилок

Оваа година за Водици имаше навистина многу необични ситуации. Но, онаа која е најнеобична веројатно ни доаѓа од селото Владевци.

Селото кое се наоѓа на патот Струмица – Радовиш, односно помеѓу Општина Радовиш и Општина Василево, го има хитот број еден за Водици оваа година.

Млади момчиња се фрлија по крстот во ова село, а најпрво едно од момчињата го фати босилокот, но во водата не беше сигурен што е, па гордо го крена, верувајќи дека станува збор за крстот.

Но, набрзо потоа сфаќа дека се радува на босилекот, по што заедно со останатите момчиња излегоа од водата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега