По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево. Водата е бактериолошки неисправна за пиење. За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?, прашуваат од СДСМ.
„Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење.
За две години оваа власт успеа да ја потоне економијата. Сега изгледа дека граѓаните се дават и во отров.
Дали некој воопшто ќе ја провери водата во базенот што го отвораат со орбанови-кинески пари? Или и таму важат истите стандарди како во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево?
Ова не е низа од несреќни локални инциденти. Ова е системски колапс. Последица на нестручност и незнаење на кадарот што го поставија.
Кога директор на Фондот за здравствено осигурување е човек чие образование е тренер, тогаш е јасно какви кадри се поставени и на другите клучни позиции.
Мицкоски ќе остане запаметен како трујачот на Македонија. Прашањето повеќе не е дали има проблем, прашањето е: кој град е следен на ред?“, стои во соопштението од СДСМ.


