По експлозијата во Бејрут 80.000 деца се бездомници

Спасувачките екипи сѐ уште трагаат по телата на настраданите под урнатините на пристаништето во Бејрут речиси три дена по страшната експлозија во која животот го загубија 154 луѓе.

Околу 300.000 луѓе, односно повеќе од 12 отсто од жителите на Бејрут не можат да се вратат во своите домови поради последиците од експлозијата.

Силниот удар ги искрши стаклата и вратите ширум градот, па многу од зградите ги остави без станари.

За повеќе од четвртина лица кои мораа да си заминат од своите домови се верува дека се деца.

Вчера УНИЦЕФ изрази загриженост поради тоа што многу деца претрпеа трауми и се во состојба на шок.

-Во текот на изминатите 48 часа УНИЦЕФ продолжи тесно да се координира со властите и партнерите на терен за да одговори на итните потреби на погодените семејства, и да се концентрираме на здравјето, водата и доброто на децата, изјави Вајолет Спик – Варнери, заменичка претставник на организацијата во Либан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега