По две предупредувања Град Скопје присилно ќе наплаќа даноци за 2019 година

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

Од Град Скопје појаснуваат дека доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки во банките.

-Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски. Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега