По два месеци погребан Авичи - семејството откри детали за смртта на диџејот која згрози многумина

Светски познатиот диџеј Авичи конечно е погребан пред два дена на приватна церемонија на која присуствуваа најблиските членови на семејството и пријателите.

Погребот се одржал во родниот Стокхолм на познатите „шумски“ гробишта.

Авичи беше пронајден мртов на 20 април во хотелско одморалиште во Оман, под околности дека се самоубил на 28 годишна возраст.

Сепак и два месеци по смртта се уште не е објавена вистинската причина за смртта на музичарот, а неговото семејство во еден наврат откако во медиумите се пишуваше дека тој се самоубил откри дека нивниот син се борел со црни мисли.

Тие додаваат дека музичарот бил нежна уметничка душа и осетливо момче кое не било доволно силно за машинеријата во која прерано влезе. Него го мачеле и филозофски мисли околу значењето на животот и поимот за среќа, но и дека сакал да го пронајде својот мир.

 

 

 

13.06.2018 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега