По допирите со Бред Пит актерката го соблече фустанот: Фановите прашаа чија када е тоа (ФОТО)

Бред Пит на доделувањето на наградите бил толку многу магепсан од својата поранешна сопруга Џенифер Анистон што не престанал да ја допира и да ја гледа.

Актерката по доделувањето на наградите на својот профил на Инстаграм споделила две фотографии.

На едната лежи во автомобилот и објаснува дека сè изгледа неверојатно, но дека има брчки против кои не може да се бори.

„Без брчки... Потешко отколку што изгледа. Некаде помеѓу овие две фотографии моите врсници ми подарија подарок кој ќе го обожувам и преку ден и преку ноќ... Им благодарам, време е да се вратиме на работа“ - објаснила актерката.

На втората фотографија се гледа нејзиниот фустан на подот, чевлите и наградата.

„Дали е тоа тоалетот на Бред Пит?“, „Се надеваме дека после сè тој ти го соблече фустанот“ - биле само некои од многуте коментари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега