По долго боледување почина познатиот српски актер

Во 52 година од животот во својот стан, почина познатиот српски актер, Игор Первиќ.

Од златно момче на домашната кинематографија, Игор Первиќ брзо стана некој чие име за жал се поврзува со тешки дроги.

Глумел во многу филмови, како што се „Црниот бомбардер“, „Лаење на ѕвезите“, „Буре барут“, „Сивиот дом“ и познатите серии „Рањеник“, „Вук Караџиќ“, а прв пат на јавната сцена се појавил со само 7 години.

Тој е роден во Белград, на 29 откомври 1967 година.

Пред неколку години ја запознал својата голема љубов, поетесата и книжевничка Јасмина Холбус, која му помогнала да го преброди тешкиот период.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега