По четири дена, сѐ уште не функционираат веб-страниците на МОН и МЗ - полицијата го истражува хакерскиот напад врз ДИК

Откако во четвртокот вечерта беа хакирани, веб-страниците на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука сѐ уште не се вратени во функција.

На МОН е хакирана само веб-страницата, додека на МЗ и службениот мејл.

Кој, како и зошто ги нападнал интернет гласилата на овие две министерства, полицијата сѐ уште истражува, дознава Алсат-М.

„Што се однесува пак, до нападите на веб страните на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, Ве известуваме дека веднаш по добивање на пријавите се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Паралелно со истрагата на полицијата, ситуацијата ја следи и обвинителството.

„Јавното обвинителство внимателно ги следи сите информации во врска со овој предмет, но и со останатите пријави за упади во веб страници на државни институции и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа