По бруталлната ликвидација на Страхиња во Белград се огласи и Колумбијката која ја преживеа експлозијата

Колумбијката Соња Суарез Гомез (45), која беше во возилото со Страхиња Стојановиќ во времето кога неговиот автомобил експлодирал во Нов Белград, за прв пат се огласи по страшната ликвидација.

Колумбијката на својот Инстаграм напиша: "Ние сме душа. Смртта не постои, таа е само човечка конструкција".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sonia Suarez. (@soniasuarezgmz) on Sep 15, 2020 at 7:08am PDT

Нејзината ќерка Паола, која пак е манекенка и модел, се огласи и по убиството на Страхиња Стојановиќ.

Таа објави заедничка фотографија од нејзината мајка и Стојановиќ на „стори“ на Инстаграм и напиша: „Те сакаме“.

Страхиња Стојановиќ, кој веќе и беше познат на полицијата, беше убиен во неделата во Нов Белград.

Колумбијката Соња била во автомобилот со него, но преживеала и поминала со полесни повреди.

Под џипот имало големо количество експлозив, наводно пентрит. Бил ставен под возачкото седиште.

После убиството таа има забрана да ја напушти Србија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега