По барање на Интерпол уапсен Албанец на „Блаце“

38-годишен Албанец бил уапсен на граничниот премин „Долно Блаце“.

-Вчера во 17.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода Л.А.(38) од Р.Албанија, бидејќи при извршените гранични проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол од Франција, се вели во полицискиот билтен.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега