По 2.000 евра казна за 12 скопјани за групирање на повеќе од пет лица на јавни површини

 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што соопшти ЈО, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест КОВИД-19. Тие не ја почитувале одлуката на Владата за забрана на групирање на повеќе од  пет лица на јавни површини.

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега