По 2 недели борба со коронавирусот Шилегов се врати во кабинетот

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска се врати на своето работно место во својот кабинет откако претходните 17 дена боледуваше како позитивен од Ковид-19.

„Назад на секојдневните обврски. Скопје не смее да застане. Одиме понатаму, уште повеќе, уште подобро“, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Скопскиот градоначалник вчера објави дека е негативен на коронавирусот, односно дека го победил невидливиот противник и дека денеска се враќа на секојдневните обврски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега