Пломп: Одлуката за преговори мора да помине низ парламентите на членките на ЕУ

Препораката на ЕК за датум за старт на преговори за да биде одобрена треба да помине во парламентите на сите земји членки на ЕУ, а влијание ќе имаат и европските избори кои почнуваат денеска, изјави во Делчево холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.

-Би сакал да можам да ви кажам, но она што можам да го кажам е знаете добро дека изборите за Европскиот парламент се наскоро. Во Холандија тие се денеска, се чека и извештајот на Европската комисија за напредокот на вашата земја и потоа е многу важно во холандскиот Парламент и во останатите парламенти пред Европската комисија да се произнесат позитивно по однос на одлуката, кажа амбасадорот Пломп на новинарско прашање има ли шанса нашата земја да добие датум за преговори на Европскиот совет во јуни, кој со „ЕУ патувачкиот автобус“ денеска престојуваше во Делчево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега