Плевнелиев: Борисов ми кажа дека може да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ

 

„Бојко Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ“.

Ова за „БТВ“ го изјави поранешниот претседател на Бугарија – Росен Плевнелиев.

„Борисов е подготвен да го направи тоа и го има изјавено многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил `за` европскиот развој на Бугарија. Партијата на Бојко Борисов никој не може да ја земе, тој ќе продолжи да биде главен фактор во оваа партија“ – рече Плевнелиев.

Тој објасни дека Борисов добро знае дека луѓето ќе сакаат да видат нови лица.

„Тој отсекогаш бил подготвен да ги стави одлуките пред сопственото его и деструктивност. И сигурен сум дека може да биде дел од позитивното сценарио во кое Бугарија забрзува со стратешки инвестиции, фондовите на ЕУ, влез во еврозоната и во Шенген“ – смета екс-претседателот на Бугарија.

За политичката ситуација во земјата, Плевнелиев рече дека во моментот се претпоставуваат избори.

„Дури тогаш се надевам дека ќе видам одговорен однос и ќе формираме влада на национална согласност за забрзана интеграција на Бугарија во срцето на Европа. Се надевам дека тоа ќе се случи“ – рече Плевнелиев.

27.06.2022 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега