Вчера во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол.
По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Се урна авион во САД – само едно лице преживеа
- Голема полициска акција во Јосифово: Пронајден хашиш под шанк, четворица дилери завршија во притвор
- Гази Баба добива нова спортска сала, Мицкоски утре на поставување камен-темелник
- Возете внимателно: На овој патен правец има магла
- Петрушевски: Пратениците на СДСМ го бојкотираат Филипче, партијата е во длабок конфликт
- Унгарија ја тужи Европската Унија
- Кривична пријава за млад штипјанец: Украл банкарска картичка и подигнал над 30.000 денари
- Србија формира нов државен тим за забрзување на патот кон ЕУ

