Вчера во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол.
По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина
- Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба
- Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија
- Хулиганство во Аеродром: Малолетници нападнаа три лица со тупаници и јајца
- Брачни кавги, заробена партнерка и тепачка со свекрва: Седум пријави за семејно насилство
- Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале
- Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови
- ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра


