Планирате одмор во Грција - ова се прехранбените производи кои ќе може да ги купите таму по поевтини цени

Намаленото ДДВ од страна на грчката влада предводена од премиерот Алексис Ципрас од денеска стапува на сила и се очекува значително намалување на цените на над 50 прехранбени категории во маркетите во Грција, меѓу кои доминираат оние за широка потрошувачка.

Станува збор за намалување на стапката на ДДВ од 24 отсто на 13 проценти на основните прехранбени производи, покрај намалувањето од 13 на 6 отсто на стапката за електрична енергија, гас и централно греење.

Се очекува големо намалување на цените на морските производи и риба, свеж и замрзнат леб и пецива, сол, оцет, супа, пире во прав, колачи, десерти и други кондиторски производи, цералии, подготвена храна, крекери, чипс, кафе, млечни кремови, зеленчук, маргарин, зачини, сушено овошје, мармалади, маслинки, корнишони, готови салати, семиња, житни култури, сладолед, мајонез, кечап, преливи, сосови, шеќер, доматно пире и други.

Намалената стапка на ДДВ од 13% се применува и за испорака на слатки, оброци и јадења за ресторани, слаткарници, таверни, угистителски објекти за брза храна, пицерии, кафулиња и слично,а ќе се однесува на компании за подготовка и дистрибуција на храна, супермаркети кои испорачуваат подготвени јадења, пекарници, сендвичарниц и фирми кои подготвуваат салати и други закуски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега