Пивоваров: Горан Грујевски ми кажа дека ме прислушуваат зашто имало наредба од повисоко

Поранешниот прв човек на военото разузнавање, а сега национален координатор во Владата за интегрирано гранично управување, Владимир Пивоваров, е еден од сведоците – оштетени кои денеска сведочеа во случајот Таргет-Тврдина за масовното прислушување, пренесува „360 степени“.

Пивоваров рече дека и неговиот број бил таргет на прислушувањето, а во периодот на следењето на комуникациите во периодот од 2008-2015 бил професор на два приватни универзитети. Од тој период Пивоваров сподели и ситуација која ја имал со поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, кој му бил и студент на магистерските студии. Грујевски е еден од обвинетите во овој предмет, и нему и на Никола Бошкоски им се суди во отсуство откако избегаа во Грција.

„За прислушувањето разговарав со мојот тогашен студент Горан Грујевски. Го прашав отворено во мојот кабинет кои се причините зошто го следат мојот мобилен телефон, на што ми одговори дека таа наредба е од повисоко. Го прашав: ‘Дали додека јас ти бев шеф во военото разузнавање, ти побарав да следиш какви било комуникации без наредба?’. Тој ми рече: ‘Јас сум благодарен што било така, но сега се изменија времињата'”, рече Пивоваров.

Тој е еден од десетината сведоци кои денеска се одѕваа на поканата на обвинителството да сведочат како оштетени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега