Пинк за борбата со коронавирусот, со кој се зарази и нејзиниот тригодишен син

Американската пејачка и текстописец Пинк (40) открива дека синот ѝ се чувствува подобро по дијагностицирањето на коронавирусот, но признава дека плачела и се молела ноќе бидејќи двајцата се бореле против вирусот.

Пејачката Пинк откри дека таа и нејзиниот 3-годишен син Џејмисон имале симптоми на коронавирусот и по тестирањето, тие се позитивни на Ковид-19.

На „Инстаграм лајв“ 40-годишната пејачка откри дека иако син ѝ и таа сега се чувствуваат подобро отколку пред неколку дена, тие сè уште не се целосно закрепнати.

„Се надевам дека сме излекувани, но ова е ролеркостер. Само што ќе помислите дека ви е подобро, се случува нешто ново“, објасни пејачката.

Пинк истакна дека иако таа и синот биле заразени, синот имал потешки симптоми.

„Живеам со астма целиот мој живот, но ова ме исплаши многу. Нема да лажам. Имаше многу непроспиени ноќи и никогаш во животот не сум плачела и не сум се молела толку многу“, рече Пинк.

Таа истакна дека нејзиниот сопруг Кери Харт (44) и нивната 8-годишна ќерка Вилов не биле болни и дека биле сосема добри.

Таа откри дека повторно била тестирана и повеќе не е заразена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега