Пикот на коронавирусот во Македонија на крајот на април

Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека досега спроведените мерки се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.

– Искрено се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и после понатаму тој број да се намалува, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега