Серија апсења за возење под дејство на алкохол спроведе полицијата во текот на вчерашната вечер и ноќеска, при што четири лица завршија во полициска станица. Најдраматично било во виничкото село Блатец, каде пијанството предизвикало сообраќајна несреќа.

На 7 јануари во 20:20 часот, М.К. (43) управувајќи „ауди“ излетал од патот кај местото „Стопанство“. Полицијата утврдила дека тој возел со неверојатни 2,38 промили алкохол во крвта.

Рекордни вредности се измерени и кај младиот В.Р. (19) од Македонска Каменица. Тој бил запрен ноќеска во 01:42 часот со „фиат пунто“, а алкотестот покажал 2,15 промили. Во мрежата на полицијата паднаа и Д.Д. (49) од Пробиштип со 1,74 промили, како и 31-годишната П.К. од Богданци, која била фатена во Гевгелија со 1,68 промили алкохол.

Сите четворица ќе одговараат за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Exit mobile version