Вчера во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

Exit mobile version